Македонска новинарка му префрли на Бектеши оти рече Република Македонија (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинарка на прес конференција во Влада му упадна во збор на министерот Крешник Бектеши за да го „искара“ оти рекол Република Македонија без да нагласи Северна.

Ситуацијата се случил на прес конференција на која министерот за економија Крешник Бектеши беше критикуван од новинарка дека не го користи официјалното име на државата – „Република Северна Македонија“.

Додека Бектеши раскажуваше зошто го поддржал отворањето на рудникот Иловица-Штука, слободната новинарка Александра Дуковска реагираше зошто Бектеши ја нарекува државата Република Македонија.

Според неа Република Македонија не постои.

– Зборувате за непостоечка држава. Зборувате за државата на која името ѝ е променето, а стоите тука покрај три знамиња – реагираше Дуковска.

Дуковска го праша Бектеши дали знае како ни се вика државата, а тој и одговори:

– Северна Македонија – рече тој.

– Па што е ова тогаш, зошто ја ословувате како Република Македонија, која ви е таа држава? – инсистираше новинарката.

Бектеши на новинарката ѝ одговори дека користи Република Македонија затоа што цитира документи кои се донесени кога името на државата било Република Македонија.

„Нема никаков проблем да не кажувам Република Македонија“, и објасни Бектеши на на новинарката.