Home Актуелно Конечно посвежо време

Конечно посвежо време

Времето во Македонија денеска, четврток, 27. јули, во утринските чесови ќе биде променливо облачно, во западните делови со локален дожд. Преку денот насекаде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо.

Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови (на повеќе места со брзина над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 28 степени.

Од утре до недела ќе се задржи стабилно време со свежи ноќи и просечна дневна температура.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…