Home Актуелно Македонија се тресе вечерва: Регистрирани серија земјотреси со епицентар кај Маврово – два со јачина од 4,4 и 4,7 степени според Рихтер

Македонија се тресе вечерва: Регистрирани серија земјотреси со епицентар кај Маврово – два со јачина од 4,4 и 4,7 степени според Рихтер

Пред неколку минути, во 22.17 часот, беше почувствуван силен земјотрес од 4,7 степени во мавровскиот регион, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Неколку минути подоцна беше регистриран уште еден од 4,4 степени.

Епицентрите на земјотресите се на 19 километри југозападно од Гостивар, на длабочина од 2 километри.

Вечерва и неколку послаби земјотреси беа регистрирани во овој регион. Во Маврово од ноември до денеска беа регистрирани десетина земјотреси од кои најсилниот беше од 5 степени лани на 11 ноември.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…