Македонија се наоѓа во црвената зона на светската мапа на подрачја најзагрозени од земјотреси – еве што значи тоа „во превод“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Секој трет жител на планетата Земја бил некогаш изложен на земјотрес, а бројката се зголемила двојно во последните 40 години. Потресите годишно носат економски загуби од 40 милијарди долари, така што уништуваат компании и ги реметат транспортните линии.

Оваа недела ФМ Глобал, една од најголемите комерцијални компании за осигурување во САД, објавни најдетална карта на подрачја кои се најзагрозени од земјотреси.

Станува збор за онлајн алатка која на корисниците им пружа увид во карта која може да се зумира до секој детал.

Пола од територијата на Македонија е во црвена зона, а тоа значи дека се случува еден поголем потрес на секои 100 години. Оние подрачја со виолетова боја имаат ризик на катастрофален земјотрес на секои 50 години, со портокалова боја подрачката се на ризик од голем земјотрес на секои 200 години, а со зелена боја на секои 500 години, додека оние со бела боја, или без боја, немаат никаков ризик на катастрофален земјотрес.

Евидентно е дека на Балканот, особено во Романија, Турција и Грција како и на крајбрежјето во Албанија се подложни на катастрофален земјторес на секои 50 години.