Македонија со пад од три места на ФИФА листата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од три позиции на најновата рејтинг листа што денеска ја објави Светската фудбалска асоцијација, па сега се наоѓаме на 136-то место.

Во мај избраниците на Игор Ангеловски немаа ниту една активност и со 218 бода забележаа пад од три места.

Од нашата квалификациска група за пласман на Светското првенство 2018, најдобро котира Шпанија (10.место), пред Италија (12), Израел (55), Албанија (66) и Лихтенштајн (186).

Во однос на мајското рангирање во ТОП 10 влезе Полска која се изедначи по освоени бодови со Шпанија и сега го делат 10-то место. Лидер е Бразил, а по него следуваат: Аргентина, Германија, Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија