Home Актуелно Македонија ќе протера уште пет руски дипломати – прогласени за непожелни кај нас

Македонија ќе протера уште пет руски дипломати – прогласени за непожелни кај нас

Македонското Министерство за надворешни работи извести дека ште пет руски дипломати кои, според нив, извршувале активности спротивни на Виенската конвенција се прогласени за непожелни во земјата.

Одлуката му била соопштена на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин во Скопје и му била врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се прогласени за „персона нон грата“.

МНР тврди дека наведените дипломати извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Македонија во наредните пет дена.

Минатата година прогласи двајца руски дипломати за „персона нон грата“, едниот во мај, а вториот во август, и ги протера од Македонија. И во двата случаи Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…