Македонија изоставениа и од „зелената“ и од „жолтата“ листа на Црна Гора за влез во оваа држава


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Додека државјаните на Канада, Русија, Украина, Белорусија, Азербејџан и Зимбабве од утре ќе може слободно да влезат во Црна Гора, Македонците нема да можат да го направат тоа ниту со негативен ПЦР тест, судејќи според листите кои ги објави тамошното Национално координативно тело за заразни болести.

Иако беше најавено дека поради лошата туристичка сезона, се размислува да им биде овозможен слободен влез на државјаните на земјите од Западниот Балкан, тоа не се случи.

Македонија не е на т.н „зелена листа“, на која освен земјите членки на ЕУ се наоѓаат и држави од кои според црногорските власти има минимален ризик за ширење на ковид-19.

Нашата држава не се наоѓа ниту на „жолтата листа“ на земји, на чии државјано со негативен ПЦР тест им е овозможен влез во Црна Гора.

На „жолтата листа“ се наоѓаат соседните држави на Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина во кои според последните релевантни податоци, состојбата со ковид-19 е далеку посериозна од онаа во нашата држава. Освен трите соседи, „на жолтата листата“ се Либан, Сингапур и Сејшелските острови.