Home Спорт Македонија годината ќе ја заврши на 76-то место во светот!

Македонија годината ќе ја заврши на 76-то место во светот!

Фудбалската репрезентација на Македонија годината ќе ја заврши на 76-то место според најновата ФИФА ранг-листа.

Нашиот национален тим оваа календарска година напредуваше цели 86 места, најмногу од сите репрезентации.

Македонија 2017 година ја започна на 162-то место, а во март беше на 166-та позиција. Сепак, успешните резултати во наредните осум месеци, кога избраниците на Игор Ангеловски забележаа само еден пораз, од Шпанија, а одиграа нерешено со Италија и Албанија и го совладаа Израел, донесе рапиден скок на листата.

Инаку, на последната ФИФА-листа за 2017 година нема промени ниту меѓу првите десет. Германија е на првото место пред Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…