Home Спорт Мајката на Меси: Го критикувате бидејќи не сте го виделе како плаче!

Мајката на Меси: Го критикувате бидејќи не сте го виделе како плаче!

Мајката на најголемата аргентинска ѕвезда Лео Меси, Селија Кучитини го заштити својот син од критиките за време на гостувањето на една аргентинска телевизија.

Меси повторно беше предмет на сериозни критики после ремито против Исланд, особено поради промешениот пенал.

„Јас и целото семејство многу страдаме кога Лео е критикуван за напорите кои ги вложува за националниот тим. Меѓутоа, луѓето не ги виделе во такво светло како што сум го видела јас. Не го виделе како плаче и како го пречивува се негативно кое се случува“, изјави Селија.

„Не постои ништо што Лео сака повеќе од тоа да ја освои титулата на Светското првенство и да ја донесе во Аргентина. Тоа е нешто што од секогаш му беше најголема желба“, додаде мајката на Меси.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…