Home Актуелно Маглив петок

Маглив петок

Благодарение на стабилното време, слабото јужно струење, снежната покривка и низа други помали фактори, маглата од котлините од четврток ќе си ја провлечеме и во петок наутро.

Но, за разлика од четврток, во петок нема да имаме ведро време на планините, туку ќе очекуваме облачно време, а во шарско корабскиот масив крај и со повремени врнежи кои до височина околу 1600 метри ќе бидат од дожд а на поголемите височина од снег.

Можна е појава на повремен слаб локален дожд и во охридскиот, дебарскиот, кичевскиот и полошкиот регион.

Наутро ќе имаме претежно негативни вредности на температурата, но не пониски од минус 5 Целзиусови.

Температурата низ поголем дел од котлините заради маглата и ниската облачностќе стагнира и ќе има врености во границите помеѓу 4 и 6 степени. Потопло ќе биде на повисоките места, од 7 до 10 степени,  додека на југоисток максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Скопскиот крај повторно очекува магливо утро и претпладне, додека попладене ќе преовладува облачно време. Утрото носи минимална температура околу минус 5 Целзиусови, а максималната температура нема да надмине 5 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…