Луксузниот живот на „Кралот на Инстаграм“ е една голема лага?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Професионалниот покераш и мулти-милионер Ден Билзериан можеби изгледа како да живее живот од соништата за многу земјани, но дали сето тоа не е само една голема илузија?

37-годишниот „Крал на Инстаграм“ не се стега и срами да го покажува својот раскошен и луксузен животен стил, со бесни журки полни со жешки девојки во бикини и славни пријатели од рангот на Флојд Мејведер.

Ден, кој „тежи“ вртоглави 60 милиони долари, е најпознат по својот разуздан животен стил и бесни авантури, но призна дека има доживеано два срцеви удари за време на интензивно луда журка во периодот кога имал 35 години.

A post shared by Dan Bilzerian (@danbilzerian) on

Како и да е, овој семоќен фраер, сепак, изгледа не е толку семоќен. Ден, кој се прикажува дека живее живот на висока нога, полнејќи го својот Инстаграм профил од 23 милиони следбеници со атрактивни фотки на кои позира со јаки секс бомби и гламурозни убавици, додека се опушта во џакузи или во друг луксузен амбиент, според критичарот и покер аналитичар Даг Полк го нарекува само блеф.

Полк, кој го води Upswing Poker, YouTube туторијал канал за покер, изразува сериозни сомнежи и тврдења против богатиот популарен лик на социјалните мрежи, тврдејќи дека неговиот живот каков што го прикажува тој е една голема лага.

Билзериан се колне дека неговото богатство го стекнал со победување на покер турнири, тврдејќи дека еднаш освоил 50 милиони долари во период од 12 до 14 месеци.

A post shared by Dan Bilzerian (@danbilzerian) on

Во интервју за The Daily Dot во 2013, Ден изјави:

Сè е супер од студентските денови. Останав шворц после една година, кога ги искоцкав сите пари, ги продадов моит пиштоли, па од 750 долари направив 10.000 долари и заминав за Лас Вегас, тие 10.000 ги направив 187.000 долари, се вратив на колеџ и го подобрив моето играње покер.

Сепак, споменатиот аналитичар тврди дека оваа возбудлива приказна за потеклото на Ден Билзериан може да биде само дел од митот изграден околу неговото име и лик. Тој тврди дека сите свои пари ги заработил со играње покер. Сепак, неговиот татко имал заработено многу пари. Но, во ’80-те години паднал в затвор и бил принуден да плати 50-60 милиони долари казна, но платил само неколку милиони.

Остатокот од парите едноставно исчезнале, па тој се прашува каде завршиле тие.

За да го потврди своето контроверзно тврдење, Даг ја анализираше една снимка од покер натпревар кој во живо го пренесувал Ден, критикувајќи ги неговите „таканаречени“ покерашки вештини:

„Сè на сè, не би рекол дека игра толку добро. На интернет, тој е само уште една риба во морето“.

A post shared by Dan Bilzerian (@danbilzerian) on

Многу други покераши се согласуваат со негативните анализи на Даг, опишувајќи ги тактиките на Ден како ужасни и очајни.

Еден коментар на YouTube вели: „Тој воопшто не е добар играч. Не верувам дека некој кој ги знае основните правила на покерот би го сметал за голем играч. Но, тој е како од Бога пратен за другите покераши. Сè додека го промовира покерот како лесен начин на стекнување милиони, подобро е за нас“.

Ова не е прв пат Ден да биде обвинет како фалсификатор на својот живот.

A post shared by Dan Bilzerian (@danbilzerian) on

A post shared by Dan Bilzerian (@danbilzerian) on

После една истрага за потеклото на вртоглавото богатство на Билзериан, наодите тврдеа дека тој имал голем ќар oд медицинските криминали на неговиот татко.

Според Daily Star, Ден ги отфрлил овие тврдења: „Луѓето ќе веруваат во тоа што тие сакаат“.

A post shared by Dan Bilzerian (@danbilzerian) on

Дали некогаш ќе се дознае вистината која стои зад неговите провокативни Инстаграм фотографии?