Луксуз „на бандажи“: Салонот за автомобили пропаднал – скапите коли фаќаат прашина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овие фотографии од морничаво испразниот изложбен салон доаѓаат од Кина. Тоа е првиот дистрибутер на луксузни автомобили во јужниот дел на Кина што ги отвори своите врати во 2005 година.

Изложбениот салон во Гуангжу, во меѓувреме, ги затвори своите врати и неодамна беше посетен од еден обожавател на автомобили познат на социјалните медиуми како Ченгормандо.

Таму пронајде голем број на атрактивни автомобили во лоша состојба. Porsche Carrera GT, Ferrari 575 Superamerica и Corvette Z06 се многу привлечни автомобили, дури и кога се покриени со густ слој прашина. Да, затворањето на овој салон нема никаква врска со моменталната корона криза, туку пропаднал набргу по отворањето, веројатно за време на првата криза на овој милениум, според достапните информации. Истото го сугерира и промотивниот материјал за Ferrari 612 Scaglietti, кој беше во продажба до 2011 година.

Според информациите со кои располага „Ченгормандо“, овие автомобили стојат таму најмалку осум години, а меѓу нив најинтересен е Порше, кој денес постигнува цена од еден милион долари. Инаку, станува збор за модел кој е придвижуван од атмосферски 5,7 V10 со 612 КС и 590 Nm, кој достигнува 100 км на час за 3,9 секунди и оди до 330 км на час. Без разлика на прашината, тоа е вистински колекционерски премет.

Ферари не е помалку интересен. Се напојува со 5,7 V12 со 540 КС и 588 Nm, а станува збор за модел со рачен менувач. Биле произведени само 43 примероци. Стигнува до 100 км на час за 4,2 секунди и достигнува 320 км на час.

Конечно, има и Corvette C5, со цена надвор од клубот на гореспоменатите модели. Но сепак, жолтатата боја, V8 моторот и агресивниот дизајн го прават многу пожелен автомобил.