Лукаку мета на критики: Тој не вреди 80 милиони!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ден по манчестерското дерби, тема во англиските медиуми е напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку.

Белгиецот, за кого клубот плати повеќе од 80 милиони евра, во еден од најзначајните натпревари сезонава ја потврди лошата форма. Не успеа да постигне гол, а беше директен виновник за двата гола кои ги постигна Манчестер Сити.

Мурињо не се согласува со констатациите и го тврди спротивното, но тој едноставно не работи доволно за тимот. Никој не се жалеше на почетокот на сезоната, но Лукаку досега не ги оправда парите кои се вложени во него. Жалам што морам да кажам, но сè што прави е за секунда или две пребавно“, изјави легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер.

„Разликата помеѓу врвните и добрите напаѓачи е едноставна. Врвниот напаѓач добива една шанса, каква што имаше Лукаку, и постигнува гол. Нема тука филозофија, тоа мора да се претвори во гол. Се надевам дека се чувствува како што се чувствував јас кога ќе пропуштев таква шанса. Ме прогонуваше до наредниот натпревар и не можев да се смирам сè додека не постигнев гол“, додаде Ширер.