Home Актуелно Соопштение на ВМРО ДПМНЕ за исклучените делегати од конгресот на партијата

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ за исклучените делегати од конгресот на партијата

Во врска со шпекулациите дека неправедно се исклучени 16 делегати од конгресот, ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста: Едно лице е исклучено заради тоа што е починато. Останатите заради тоа што се вработени или функционери во МНР, МВР или регулаторни тела каде со закон е забрането да членуваат во партиски тела, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Конгресот заедно со делегатите е највисокото партиско тело на партијата. За сите овие разрешувања е разговарано со секој поединечно и е добиена согласност од него, за најголем дел и писмена оставка. Доколку ова не се преземеше дел од овие лица ќе останеа без работа или ќе беа разрешени од функциите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…