Home Спорт Лука Дончиќ заврши во Далас како трет пик (видео)

Лука Дончиќ заврши во Далас како трет пик (видео)

Најталентираниот европски кошаркар Лука Дончиќ беше избран како трет пик на НБА драфтот и кариерата ќе ја продолжи во Далас Маверикс.

Дончиќ како трет пик го бираше Атланта, која веднаш во трејд го испрати во Далас, додека во спротивен правец пристигна петтиот пик Тре Јанг.

Фантастичниот Дончиќ кој со Реал Мадрид ја освои Евролигата и ги собра сите индивидуални награди во Европа, ќе биде дел од тимот каде со години главна ѕвезда е легендарниот Дирк Новицки, па би можел да биде наследник на славниот Германец.

Како прв пик на драфтот е избран Деандре Ајтон кој замина во Феникс санс, додека втор пик беше крилниот центар Мервин Бегли, кој го засили составот на Сакраменто кингс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…