Ден на жалост во Велес за трите дечиња кои загинаа во пожар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ден на жалост е прогласен за денес во Општина Велес, поради трагедијата која му се случи на семејството Давчевски кои вчера во пожар ги изгубија трите деца.

Советниците одлучија петок 22 јуни да биде Ден на жалост, поради што се откажуваат сите културни и спортски манифестации и угостителските објекти на територијата на Општината се обврзани да емитуваат сериозна музика. Семејството ќе добие и еднократна парична помош од 100.000 денари како и да се платат гробни места за трите деца во висина од 13,500 денари.

Марина Антониевска и Никола Давчевски, родители на трите дечиња кои изгореа завчера во семејната куќа во Велес, се сомневаат дека пожарот бил подметнат. Обвинителството го истражува случајот, а од велешката полицијата велат дека има траги кои допрва треба да се анализираат.

Додека трае истрагата, родителите се уште не можат да се освестат од трагичниот настан кој ја покри со тага цела македонска јавност. Три од нивните четири деца изгореа во пожар, кој ја зафатил куќата додека тие биле во продавница да пазаруваат храна за нив.