Лука Дончиќ постави нов рекорд во Евролигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа го победи Милано 100:90 во третото коло во Евролигата, а во центарот на вниманието беше тинејџерот Лука Дончиќ.

18-годишнот Словенец доминираше на оваа средба по која стана најмладиот играч што имал вкупен рејтинг на корисност поголем од 40. Таков рејтинг пред една деценија на 21-годишна возраст оствари Црногорецот Никола Пековиќ во дресот на белградски Партизан.

Дончиќ дуелот со Милано го заврши со 27 пони, 8 скока, 5 асистенции, 3 украдени и една загубена топка, а врз него беа направени 10 прекршоци. Сето ова му донесе рејтинг 41, со што стана апсолотен рекордер за кошаркари до 21 година.