Home Актуелно „Луфтханза“ пријави загуба од 2,1 милијарда евра во првиот квартал од 2020

„Луфтханза“ пријави загуба од 2,1 милијарда евра во првиот квартал од 2020

Германската авиокомпанија „Луфтханза” во првите три месеци од годината забележа загуба од 2,1 милијарди евра поради намалената вредност на активата поради пандемијата со новиот коронавирус што го погоди секторот патување.

Во истиот период во 2019 година „Луфтханза” имала нето загуба од 342 милиони евра.

– Негативниот резултат во првиот квартал се должи на отпис на 266 милиони евра на вредноста на флотата, намалувањето на книговодствената вредност на фирмата за кетеринг на Луфтханза, „ЛСГ Северна Америка” за 100 милиони евра, како и отпис на вредноста на нејзината филијала „Јуровингс” за 57 милиони евра, соопшти денескагерманската авиокомпанија.

„Луфтханза” ги приземји речиси сите свои авиони за време на врвот на пандемијата со Ковид-19, а во април, пред каматите и даноците, соопшти дека во првите три месеци од 2020 година загубила 1,2 милијарди евра.

Надзорниот одбор на компанијата во понеделникот им препорача на акционерите да ја прифатат помошта од девет милијради евра, што Европска комисија ја услови со тоа „Луфтханза” да им отстапи некои од своите слотови на аеродромите на конкурентите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…