Лудилото продолжува: Кинезите понудија 90 милиони за Диего Коста!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Челниците на новиот кинески прволигаш Тианџин Кванџиан понудија неверојатни 90 милиони евра за напаѓачот на Челзи, Диего Коста.

Клубот кој од клупата го води Италијанецот Фабио Канаваро првично понуди 60 милиони евра, но од Челзи веднаш ја одбиле понудата. Кинезите потоа ја зголемиле понудата, па прашање е како сега ќе реагира сопственикот на лондонскиот клуб, Роман Абрамович.

Бразилецот со шпански пасош оваа сезона е водечки стрелец во англиската Премиерлига со 14 голови и назаслужен што Челзи се наоѓа на врвот на табелата.

Коста дојде во Челзи во јули 2014 година од Атлетико Мадрид за сума од 40 милиони евра.

Главни ѕвезди на Тианџин Кванџиан се поранешниот играш на украинскиот Шахтјор, Бразилецот Жадсон, и неговиот сонародник Гуванио.