Љубителите на сирење живеат подолго

Љубителите на сирење живеат подолго

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една неодамнешна студија докажа дека љубителите на сирење живеат подолго.

Веројатно не сте знаеле, но вашиот омилен млечен производ може да ви помогне да живеете подолго. Според истражувањето објавено во списанието Nature Medicine, зрелото сирење содржи состојки кои можат значително да помогнат да се намали ризикот од срцеви заболувања и процесот на стареење, а со тоа да се зголеми животниот век.

Научниците првично спроведоа експерименти на глувци и открија дека редовното консумирање сирење им помага на животните да живеат подолго. Потоа беше спроведено истражување меѓу 800 луѓе во Италија и беше откриено дека оние кои редовно јадат сирење помалку страдаат од хипертензија и кардиоваскуларни болести. Нивната подложност на срцева слабост била околу 40% помала, во споредба со оние кои не јадат често сирење.

Научниците веруваат дека хемиските состојки содржани во сирењето (полиамините) им помагаат на клетките во телото да се ослободат од токсините и нивните оштетени делови. Сирењето благотворно делува на организмот, а може да му помогне и на човекот да го подмлади својот изглед.

Сепак, треба да се има предвид дека сирењето содржи многу калории и може да биде штетно за некои луѓе, но тоа не значи дека оние кои не можат да јадат сирење не можат да го продолжат својот животен век. Полиамините кои се наоѓаат во зрелите сирења може да се најдат и во друга храна како грашок, пченка, соја и житарки. Но, сирењето има предност во однос на другите намирници, бидејќи неговиот вкус е едноставно незаменлив.