Лопетеги со најслаб старт во ерата на Флорентино Перез!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Јулен Лопетеги е со најлоша статистика во првите десет официјални натпревари од сите тренерит во ерата на Флорентино Перез.

Лопетеги запиша само пет победи во првите десет меча, притоа запишувајќи 3 порази и 2 ремија.

Единствен со само 5 победи во првите 10 меча е Винсенте дел Боске во сезоната 2000/01, но тогаш тој имаше 3 ремија и 2 порази.

Интересно, тренер со најдобар старт во ерата на Перез е Жозе Мурињо во сезоната 2010/11 кога во првите десет меча имаше 8 победи и 2 ремија без ниту еден пораз.