Ливерпул и Челзи „тријат раце“: Дортмунд ја продава најголемата ѕвезда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еминентниот германски весник „Билд“ пренесува дека Кристиан Пулишиќ одбил да го продолжи договорот со Борусија Дортмунд, па „милионерите“ ќе бидат приморани да го продадат.

10-годишниот Пулишиќ има договор до 2020 година, па Борусија Дортмунд е спремна да го продаде уште ова лето и веќе ја постави неговата цена. Имено, заинтересираните клубови ќе можат да го добијат неговиот потпис за 70 милиони евра.

Пулишиќ е еден од најголемите таленти во светот и се наоѓа на радарот на најголемите европски клубови, а најсилен интерес во моментов покажуваат Челзи и Ливерпул.

Одбивањето на новиот договор е само сигнал дека Пулишиќ сака да ја промени средината, па се очекува споменатите клубови набрзо за испратат конкретни понуди.