Home Актуелно Лица кои после нуклеарната катастрофа во Фукушима заболеле од рак на штитната жлезда бараат милионска отштета од ТЕПКО

Лица кои после нуклеарната катастрофа во Фукушима заболеле од рак на штитната жлезда бараат милионска отштета од ТЕПКО

Во Токио почнаа судските сослушувања во рамки на предметот за исплата на околу пет милиони долари отштета на луѓето кои по катастрофата во нуклеарната централа во Фукушима добиле рак на штитната жлезда.

Шест лица кои во 2011 година за време на нуклеарната катастрофа биле деца го тужеа сопственикот на нуклеарката Токио електрик пауер компани холдингс (ТЕПКО) тврдејќи дека радијацијата од централата е причина за нивната болест. Од нив бараат 616 милиони јени (4,9 милиони долари) отштета.

Тоа е првата групна тужба која ја поднел некој од Фукушима поради здравствени проблеми наводно поврзани со катастрофата, наведоа нивните адвокати.

Во Јапонија на 11 март 2011 земјотрес со јачина од девет степени и цунами предизвикаа нуклеарна катастрофа и го разурнаа брегот на североистокот на земјата.

Во земјотресот и цунамито настрадаа 18.430 луѓе, но беа пронајдени телата на 15.897 жртви. Над 160.000 луѓе беа приморани да ги напуштат своите домови. Системите за ладење во нуклеарната централа Фукушима на североисточниот брег на Јапонија беа уништени и истече радиоактивен материјал. Се смета дека поради тешките услови за евакуација и животните услови предизвикани од природната катастрофа и нуклеарната несреќа умреле уште 3.700 луѓе.

Од ТЕПКО во судот наведоа дека оштетените не биле изложени на доволно силно зрачење кое би можело да предизвика рак, наведувајќи тестови на 1.080 деца од три града околу централа кои покажале дека околу 55 отсто не биле изложени и дека никој не примил повеќе од 50 милисиверти, што е годишниот лимит за озраченост на работници во нуклеарна централа.

По нуклеарната катастрофа во нуклеарната централа во Чернобил, во Украина во 1986 година, забележан е пораст на деца заболени од рак на штитната жлезда.

Владата на префектурата Фукушима тестирала 380.000 жители на возраст на 18 години или помлади во време на несреќата за рак на штитната желзда. Кај околу 300 бил дијагностициран рак или се сомнева на рак.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…