
Факт: Вашиот тава од леано железо всушност е вашето тајно оружје за подготовка на десерти.
Во него можете да направите речиси бесконечна листа на фантастични слатки, а на таа листа денес додаваме уште еден рецепт за неодоливо вкусен колач со вишни. Според ваш вкус, вишните можете да ги замените со други бобести овошја, како што се боровници, јагоди или цреши. А при сервирање, задолжително декорирајте го колачот со шлаг.
ПОТРЕБНО:
– 2 лажици путер, на собна температура
– 6 лажици стопен путер
– 1 шолја шеќер
– 1 јајце
– 1 жолчка
– 1 и пол лажичка чист екстракт од ванила
– 1 и пол шолја брашно
– ¾ лажичка прашок за печиво
– ½ лажичка сода бикарбона
– ½ лажичка сол
– ¾ шолја млеко
– 1 и пол шолја вишни, исчистени од семки
– шеќер во прав
ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 250 степени. Намачкајте ја тавата со 2 лажици путер на собна температура. Во поголем сад изматете го стопениот путер со ¾ шолја шеќер, па додадете го јајцето и жолчката. Измешајте добро, а потоа додадете го екстрактот од ванила. Одделно, во друг сад, измешајте го брашното со прашокот за печиво, содата бикарбона и солта. Додадете го млекото и измешајте додека не добиете мазна смеса. На крај, сè спојте со претходно подготвената смеса од путер и шеќер.
Во посебен сад, измешајте ја преостанатата ¼ шолја шеќер со вишните и оставете на страна.
Истурете го тестото во подготвената тава и израмнете го. Одозгора распоредете ги вишните. Печете во рерната околу 25 минути, додека колачот не добие златна боја. Оставете да се излади најмалку 15 минути пред да го исечете и послужите. На крај, наросете шеќер во прав.