Леонардо ќе го глуми Леонардо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот американски актер ќе го глуми неговиот ’имењак’, славниот италијански ренесансен архитект, инженер, вајар, уметник, сликар, изумител, анатом и астроном.

Според информациите од американските медиуми, помеѓу продуцентските куќи Universal и Paramount се случила вистинска битка за тоа кој ќе ги земе правата за да го снима овој филм, но на крај победила Paramount.

Според „Дедлајн“, филмот е базиран врз биографијата на Волтер Исаксон, а ќе биде продуциран од продукциската куќа на Дикаприо. Од „Парамаунт“ пак ги добиле правата да го работат филмот после конкурентска, седумцифрена битка со наддавање со „Јуниверзал студиос“.

Интересно е да се забележи дека на Дикаприо името му било дадено според Леонардо да Винчи. Неговата мајка се одлучила за тоа име кога Лео прв пат клоцнал во утробата, додека таа гледала слика од Да Винчи во италијански музеј.