Лени Кравиц има нова љубовна врска со тинејџерка

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓

Лени Кравиц отсекогаш бил најголем заводник меѓу пејачите, се чини дека со текот на годините не се менува… На листата на жени со кои се забавувал се запишани и Никол Кидман, Ванеса Паради, Мишел Родригез, Адриана Лима, Наоми Кемпбел, Мадона, Стела Макартни.

Не треба да се заборави ниту актерката Лиза Бонет, единствената која успеа да го однесе пред олтар и со која ја има ќерката Зое. Лени и Лиза беа во брак шест години, од 1987 до 1993 година, и ден-денес се во многу добри односи и се голема поддршка еден на друг.

Лени, кој веќе навлезе во шестата деценија, сепак, не мирува кога станува збор за љубовта… често менува жени и има многу авантури. Иако се чинеше дека конечно се смири покрај 30-годишниот модел Барбара Фијала, со која беше од почетокот на годината, виден е со друга жена. Тинејџерка, всушност!

Лени со новата избраничка е фотографиран во Мајами пред неколку дена, се шпекулира дека таа се занимава со моделство и дека има само 19 години, иако нејзиниот идентитет сè уште е непознат за јавноста.

Фановите го осудија изборот на познатиот пејач забележувајќи му што е 10 години помлада од неговата ќерка, а имаше и коментари во врска со изгледот на оваа млада дама – многумина не се одушевени од неа по сите убавици што ги имаше Кравиц во минатото.