Лекарите тврдат: Аутизмот ќе го предвидуваме пред детето да наполни една година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нова студија претстави нови можности за предвидување на аутизам кај децата многу порано.

Тим истражувачи користеле снимање со магнетна резонанца на мозокот на децата низ САД за да можат и пред детето да наполни една година, да предвидат дали некое од нив ќе развие аутизам.

За сега најрано децата се дијагностицираат со аутизам на возраст од две години кога одредени однесувања или проблеми со комуникацијата стануваат забележителни, како на пример неможноста да се поврзат неколку зборови во реченица или се избегнува контакт со очите.

Но, најновите откритија, за сега се уште прелиминарни, може да претставуваат голем напредок во терминот кога докторите ќе може да забележат ризик од аутизам, и тоа многу порано од првото појавување на симптомите.

„На ова поле се бориме постојано да го превидиме аутизмот што порано“, вели еден од истражувачите што учествувал во изработка на студијата д-р Џозеф Пивен од Институот за развојни нарушувања во Каролина, на Универзитот во Северна Каролина, за The Huffington Post.

„Најчесто се соочуваме со ѕид до возраст на детето од две години. До тогаш, ги немаме како маркери промените во однесувањето, со кои може да заклучиме дали детето има аутизам.“

Во студијата објавена во магазинот Nature во средата, истражувачи од центрите за аутизам низ целата земја правеле MRI скенирања на мозокот на бебињата и тоа на возраст од 6 месеци, една година и повторно на две години.

Во студијата учествувале 106 бебиња кои се сметале за деца со висок ризик од развивање аутизам, затоа што имале постаро братче или сестриче на кое му бил дијагностициран аутизам. (Децата кои имаат постар брат или сестра со аутизам имаат 1 спрема 5 шанси и тие да развијат аутизам, за разлика од оние кои немаат, каде односот е 1 спрема 100).

За споредба, истражувачите вклучиле и 40 бебиња кои се сметале за деца со мал ризик од аутизам.

Скенирањето со магнетна резонанца открило дека кај децата кои со време ќе развијат аутизам површинскиот слој на мозокот во овој период од една година рапидно расте, за разлика од децата кои нема да го развијат нарушувањето.

Исто така, помеѓу возраст од една и 2 години, стапката на раст на волуменот на мозокот што го искусиле е исто така многу забрзана.

Прекумерниот раст на волуменот на мозокот кај децата доведува до симптоми поврзани со аутизмот, до возраст од две години, па така децата нема да сакаат да се вклучат во игра каде се презема улога на некој и се игра, а исто така се забележува и застој во говорот.

Истражувачите ги зеле сите мерки што ги добиле од магнетната резонанца ги ставиле во компјутер и се обиделе да направат алгоритам со цел да добијат доверлива програма за предвидување дале некое дете би развило аутизам. Тие можеле со точност од 80 отсто да ги идентификуваат бебињата кои би развиле аутизам кој би им бил дијагностициран дури на возраст од две години.

„Детектирањето на аутизмот пред тој воопшто да се појави, пред да почнат првите симптоми, ни дава одлична шанса да делуваме на време“, вели д-р Пивен.
Моменталните проценки се дека 1 во 68 деца во САД има аутизам, а со рана интервенција, што најчесто подразбира бихејвиорална терапија, може многу да се помогне да се ублажат или воопшто да се избришат првите симптоми. Според Центарот за контрола на болести и превенција многу деца со аутизам не се дијагностицирани пред речиси да наполнат 4 години.