Home Спорт Лекарите не можат да го спречат: Михајловиќ излегува од болница за мечот со Лацио!

Лекарите не можат да го спречат: Михајловиќ излегува од болница за мечот со Лацио!

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ се лекува од леукемија, а според најновите информации на италијанските медиуми, тој би можел повторно да излезе од болница за да ја предводи Болоња.

Лекарскиот тим кој се грижи за неговото здравје е против изложување на стрес по серијата примени хемотерапии, но Михајловиќ оди против препораките и решил денес да присуствува на мечот против Лацио.

Михајловиќ претходно излезе од болница да ја води Болоња на натпреварите против Верона (1-1) и СПАЛ (1-0), а сега повторно сака да ги израдува фудбалерите и навивачите.

Ова е специјален меч за Михајловиќ, бидејќи шест години од кариерата ги помина во Лацио и остави трага во овој клуб.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…