Лејди Гага расплакана после резултатите од изборите – протестира пред кулата од Трамп


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Музичарката и пејачка Лејди Гага, голема обожавателка и поддржувачка на Хилари Клинтон, снимена е пред кулата од Доналд Трамп во Њујорк Сити, како протестира рано наутро.

Гага беше снимена како стои на санитетско возило, а во рацете држи плакат на кој пишува Love trumps hate, што во превод отприлика би значело „љубовта е главен адут на омразата“.

9-11-gaga-transparent1

Лејди Гага и претходно утрово беше видена облеана во солзи во изборниот штаб на Демократската партија. Откако резултатите од изборите беа официјално објавени, таа напиша на Твитер: „Во собата полна надеж ќе се чуе нашиот глас. Да се кренеме за добрината, љубезноста и љубовта. Ништо нема да не запре. Молете се за Америка“.

Минатата недела, за време на обраќањето на Хилари до нацијата на предизборен митинг, Гага изјави дека страсно ја поддржува.

„Таа е во политиката со децении. Има неверојатно искуство, знаење, лидер е и тоа мудар лидер. Спремна е да биде претседателка“, изјави Гага.