Лажеше ли Енрике? Еве што вели „ТЈ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стигнавме и до последниот ден од осминафиналето на Мундијалот во Катар, а досега во оваа нокаут фаза фаворитите ја оправдуваа улогата и обезбедуваа место во четвртфиналето.

Денес на програмата се уште два дуели. Од 16:00 часот Мароко кој прикажа одлична игра во групата со Белгија, Хрватска и Канада ќе се соочи со Шпанија која после онаа победа од 7:0 против Костарика во првото коло баш и не блескаше. Во вториот дуел Португалија и Роналдо ќе се соочат со Швајцарија

Во последниот натпревар на Шпанија во групната фаза во фокусот беше селекторот Луис Енрике и многумина сметаат дека Шпанците калкулираа со поразот од Јапонците за да имаат полесен пат во нокаут фазата. Ако беа први во групата ќе одеа на страната каде што се Бразил, Аргентина, Хрватска…

Слушнете што „ТЈ“ во неговото шоу има да каже за овие дуели, но и како тој ја коментира ситуацијата со Енрике на клупата на Шпанија.