Детонации во северниот дел од Косовска Митровица


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српски „Блиц“ пренесува дека денеска во северниот дел на Косовска Митровица одекнале пет детонации. Според извори од терен, детонации се слушнале од правец на улицата Колашинска каде што порано била канцеларијата на изборната комисија.

Претходно, како што јави „Косово онлајн“, членови на изборната комисија придружувани од косовската полиција насилно влегле во зградата на Општина Зубин Поток каде што живеат мнозинство Срби и наводно ги искршиле вратите и ги менувале бравите, поради што граѓаните кои се нашле таму се побуниле. Пред околу еден час се слушнале две експлозии, а членовите на општинската изборна комисија и членовите на косовската полиција излегле од зградата на општината.

Членови на општинската комисија со асистенција на полициски службеници насилно влегле во просториите на општината, ги искршиле вратите и ги смениле бравите, пред да ја напуштат зградата.

Косовската страна уште не излегла со изјави.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, соопшти дека премиерот на Косово, Албин Курти, денеска испратил специјалци во просториите на Општина Зубин Поток на северот на Косово и Метохија со цел насилно да се обиде да подготви терен за одржување на неговите незаконски избори и да заземе четири општини.

„Станува збор за најбрутална демонстрација на сила и предизвикување нови тензии и провокации од страна на Приштина, која се обидува да ги спроведе своите незаконски мерки преку насилство и еднострани мерки и да предизвика нова дестабилизација на ситуацијата на теренот“, рече Петковиќ.

Тој оцени дека Курти тоа го „темпирал и го режирал“ додека се одржувал самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана, како што и на самитот во Берлин повикал на уривање на Бриселскиот договор и на апсење на Ненад Ѓуриќ.

„Вака изгледа таканаречената демократија и владеење на правото на Албин Курти. Додека тој им забранува на Србите да учествуваат на избори и референдуми, во исто време се обидува да одржи свои избори на северот на покраината со долги цевки, пиштоли и со насилство“, изјави Петковиќ, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија.

Србите ги напуштија сите институции поради постојано неисполнување на одредбите од договорот меѓу Белград и Приштина, а владата на Албин Курти планира да одржи избори на северот на Косово, пишува „Блиц“.