Home Спорт Лазаров: Можеме да ја победиме Норвешка; Червар: Не се предаваме!

Лазаров: Можеме да ја победиме Норвешка; Червар: Не се предаваме!

Селекторот на Македонија, Лино Червар не го криеше задоволството после ремито со Исланд и освоениот бод кој значеше 3-то место во групната фаза.

„Честитки за нашите момци. Тие се херои. Имавме страшни пехови, се повреди Миркуловски, потоа и Манасков. Сепак и без нив стигнавме до реми и докажавме дека имаме право македонско срце. Нема веќе да се предаваме, колку и да губиме. Нема веќе Македонците да се предаваат. Покажавме карактер сега одиме да се напиеме по едно пиво, па пота ќе размислуваме на Норвешка“, истакна Червар.

„Против Норвешка можеме. Желбата и срцето не одведоа до таму каде што сме, до тоа трето место кое го посакувавме. Им честитам на сите момци, на стручниот штаб, на фалангата, на сите за оваа машка борба. Веќе нема што да изгубиме, со Норвешка игравме во Краков и тоа е селекција која можеме да ја добиеме, единствено што ме загрижува се повредите на клучните играчи како Манасков и Миркуловски, но се надевам дека ќе се оспособат“, изјави капитенот Лазаров.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…