Home Вебкафе Лавица украде фотоапарат вреден 2.600 долари – погледнете што направи со него

Лавица украде фотоапарат вреден 2.600 долари – погледнете што направи со него

Фотографката која се занимава со фотографирање див свет, Барбара Јенсен Ворстер, го испушти својот фотоапарат вреден 2.600 долари, па до него се добра една лавица која го зеде и им го даде на своите младенчиња да си играат со него.

Барбара ја фотографираше лавовската заедница од нејзиното теренско возило во јули оваа година, кога еден од нејзините апарати испадна од нејзиниот скут и падна на земја. Во истиот миг лавицата скокна и се упати кон возилото со цел да ги заштити своите младенчиња. Барбара реши да се повлече за да не ја комплицира ситуацијата и да не се доведува во опасност.

„Фотоапаратот падна со објективот нагоре, па лавицата полека го сврте апратот на страна и го зеде со своите заби“, опишува Ворстер. Лавицата го однесе апаратот кај своите младенчиња и им го даде да си играат. Но, како и сите деца, после кратко занимавање со апаратот, на лавчињата престана да им биде интересен како играчка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…