Home Спорт Лаудруп: Азар ми кажа дека се сели во Реал Мадрид

Лаудруп: Азар ми кажа дека се сели во Реал Мадрид

Легендата на светскиот фудбал, Брајан Лаудруп откри бомбастичен трансфер и изјави дека Еден Азар ова лето ќе се пресели во Реал Мадрид.

Лаудруп за медиумите откри дека разговарал со Азар, кој лично му признал дека се сели на „Сабтиаго Бернабеу“.

„Пред неколку дена зборував со Еден Азар и тој ми кажа дека ќе оди во Реал Мадрид ова лето. Ќе биде добро и за него и за Реал бидејќи Един е фудбалер од светска класа“, изјави Лаудруп.

Не е тајна дека Реал Мадрид е исклучително заинтересиран за потписот на Азар во кого гледа идеална замена за Роналдо.

Притоа, самиот фудбалер пред два дена призна дека е спремен да го напушти Челзи и да започне нова авантура.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…