Home Спорт Лајпциг: Роналдо и Меси се престари за нас!

Лајпциг: Роналдо и Меси се престари за нас!

Спортскиот директор на Лајпциг, Ралф Рангник изјави дека не е заинтересиран за доведување на Лео Меси и Кристиано Роналдо бидејќи биле „престари“ за тој клуб.

Лајпциг, кој е најголем европски хит во моментов, за седум години помина четири ранга на натпреварувања, а оваа сезона после 13 кола е на чело на Бундес лигата со 3 бода предност пред Баерн Минхен.

Рингник во 2012 година ја презеде функцијата спортски директор кога Лајпциг беше во четвртата лига и познат е по развојот на млади и талентирани играчи во клубот кој го финансира „Ред Бул“.

„Би било апсурдно да се мисли дека Лајпциг би можел да функционира со нив. Меси и Роналдо се прескапи и престари за нас“, изјави Рангник.

Просечната старост на фудбалерите на Лајпциг е само 23 години.

„Имаме најмлада и најнеискусна екипа во првенството. Не знам дали тоа е револуционерно, но секако е необично тим кој пред три години играше во трета лига да биде на чело на Бундес лигата“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…