Актуелно

Ладен туш од Франција и Германија: Западен Балкан не влегува за брзо во ЕУ

Реномираниот „Фајненшл Тајмс“ пренесува дека по завршената конференција за Западен Балкан која се одржа во Берлин, за земјите од овој регион следувал ладен туш со разочарувачка порака од германската канцеларка Меркел и од франускиот претседател Макрон, пренесува Мкд.мк.

Весникот пишува дека „Франција и Германија истуриле студена вода на балканските надежи за брз влез во ЕУ“. Пораката на Меркел и Макрон до шесте земји аспиранти за членство во ЕУ е да ја одржуваат политичката стабилност со нивна помош. Мали се шансите за брзо приклучување на блокот. Најпрвин ќе треба да си ги средат работите дома, пишува весникот.

Макрон пред се ја истакнал потребата од „политичка стабилност“ во регионот најавувајќи дека Париз ќе помага не преку процесот на проширување, туку преку помош во главните економски, социјални, безбедносни области и реформите на владеење на правото.

„Ќе работиме заедно на стабилноста на регионот… Од 2000 година ние се повлекуваме од регионот, но денеска сакаме да работиме заедно“, изјави Макрон пред состанокот со премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово.

Advertisements
To Top