Home Актуелно Британски експерт: Македонија, молам. Секое друго име е резултат на грчкото тормозење!

Британски експерт: Македонија, молам. Секое друго име е резултат на грчкото тормозење!

Том Лајнс, британски експерт по меѓународен бизнис и економија, не се согласува со именувањето на Македонија со додавката Северна, сметајќи го за спротивно на резултатите од референдумот од 30 септември, пишува порталот Експрес.

„Македонија, молам. Тоа е името што таа земја си го избра за себе, поддржано и на национален референдум неодамна. Секоја друга верзија на името е резултат на неприфатливото грчко малтретирање“, напиша на својот профил на Твитер известувачот на новинската агенција Ројтерс и на други медиуми за теми од банкарството.

Лајнс има предавано плуралистичка економија и политичка економија на Универзитетот во Лондон, а претходно бил предавач по меѓународен бизнис на Универзитетот во Единбург.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…