Home Спорт Кутињо можеби не, но затоа „мозокот“ од Ница пристигнува во Каталонија

Кутињо можеби не, но затоа „мозокот“ од Ница пристигнува во Каталонија

Како што беше познато, Барселона успеа да го заврши договорот околу Жан Мишел Сери, фантастичниот играч за врска на Ница кој во следните неколку денови ќе се пресели на „Камп Ноу“.

Тој има клаузула од 40 милиони евра, Каталонците ќе платат нешто помалку од сумата со бонусите, но Ница прифати да го продаде својот „мозок“ на средината. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска има 26 години и доста искуство, дури и Чави го афирмираше во неколку случаи како играч кој е скоро идентичен нему.

Оттука се поставува прашањето дали Каталонците веќе кренаа раце од Кутињо?

Не, но сега Барселона сепак ќе има резервна опција, се чини дека од друга страна, доведувањето на Дембеле е приоритет во овој момент.

Што се однесува на Бразилецот од Ливерпул, Каталонцитр се надеваат дека тој ќе продолжи со пресингот на клубот да го пушти, со оглед на тоа декатие понудија 130 милиони евра.

Но, „Црвените“ не се откажуваат и бараат 150 милиони и тоа без некои невозможни бонуси и замки.

Од друга страна, анализата на каталонските медиуми покажува дека Сери и Кутињо се компактибилни, дека Бразилецот би бил замена за Инијеста, а пристигнувањето на Сери веројатно ќе значи дека Андре Гомеш до крајот на август ќе ја напушти Барселона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…