Кутињо ќе игра за Бразил – за Ливерпул не играл поради стрес!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Ливерпул, Филипе Кутињо ќе биде во можност да игра за бразилската репрезентација на престојниот меч од квалификациите за Светското првенство бидејќи не е повреден.

Докторот на националниот тим Микаел Симони потврди дека Кутињо коже да игра на 1-ви септември против Еквадор и четири дена подоцна против Колумбија.

Бразилецот од почетокот на сезоната на игра за Ливерпул, кој официјално соопшти дека имал проблеми со грбот, но докторот вели дека станувало збор за стрес.

„Проблеми со грбот? Сега е добро. Тој проблем беше само поради стрес, нешто емоционално. Несигурноста околу иднината му создаде стрес, тој е многу напнат, но не постои никаква повреда“, потврди докторот.

„Кога не знаете каде ќе играте се чувствувате несигурно. Кутињо сака во Барселона и многу е напнат поради тоа. Но за Бразил може да игра без проблем“, додаде докторот на националниот тим.