Куртоа им призна на пријателите: Се селам во Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Тибо Куртоа ќе го напушти Челзи по завршувањето на сезоната и ќе се пресели во Реал Мадрид, тврди „Марка“.

Шпанскиот весник е одлично информиран околу случувањата во „кралскиот“ клуб, и тврди дека самиот чувар на мрежата на Челзи веќе ги известил дел од своите најдобри пријатели на „Стемфорд Бриџ“ дека на лето ќе се врати во Шпанија.

Реал Мадрид е во потрага по квалитетен голман, кој ќе биде трајно решение меѓу стативите, па откако имаа неуспешен обиде за купување на Давид де Геа сега ќе се насочат кон Куртоа.

Белгиецот својата афирмација ја доживеа токму во Мадрид, во дресот на Атлетико и не крие дека сада да се врати во шпанската престолнина.