Home Актуелно Кулеба порача: Зеленски е спремен уште утре за директна средба со Путин

Кулеба порача: Зеленски е спремен уште утре за директна средба со Путин

Министер за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба, изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е подготвен за средба со својот руски колега Владимир Путин.

„Доколку рускиот лидер покаже подготвеност, тие може да се сретнат утре, задутре, буквално. Зеленски е подготвен за таа средба. Неговиот став е јасен, формиран за сите прашања, а Украина е подготвена за овие преговори“, изјави Кулеба за весникот „Украинска правда“.

Тој додаде дека многу земји нудат или се натпреваруваат да бидат домаќини на овој состанок.

„Можам да кажам дека конкуренцијата за правото на средба меѓу Зеленски и Путин е поголема од онаа за домаќин на Олимписките игри“, рече Кулеба.

Претходно, советникот на шефот на кабинетот на Зеленски, член на украинската делегација на преговорите со Русија, Михаил Подољак, најави подготовка на документи за можни директни преговори меѓу Зеленски и Путин.

Да потсетиме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, уште порано изјави дека Путин може и треба да се сретне со Зеленски, но не заради формата, туку за сериозно да разговара и да постигне нешто.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…