Куќа од 24 милиони долари на островот на милијардерите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Индијан Крик е познат како островот на милијардерите поради тоа што оваа заедница има 34 куќи и 42 жители – сите до еден супербогати. Поради ваквата концентрација на ултрабогати жители нивото на приватност во оваа заедница е приоритет од највисоко ниво и истата важи за една од најбезбедните средини за живеење на Мајами Бич.

Индијан Крик, познат и како „Бункерот на милијардерите“ постојано го чуваат 13 лица претставници на полициските сили на државата Флорида, а околу островот патролираат вооружени поморски патроли.

На овој приватен остров живеат богати и познати. Еден од нив е пејачот Хулио Инглесијас, како и неколку познати светски инвеститори.

На пазарот на недвижности многу ретко може да се зачека куќа на овој остров која е на продажба, но сега секој кој сака да стане дел од оваа елитна престижна заедница може да си го дозволи тоа ако има за давање за таа намена 24 милиони долари. Токму по таа цена се продава една од вилите на овој остров изградени во медитерански стил.

Вилата се протега на повеќе од 3.000 квадратни метри и има осум спални, десет бањи и неколку вежбалници, како и приватен мол за кој сопственикот на овој луксузен дом може да го врзува својот брод.