Куба Гудинг Јуниор призна вина по една точка од обвинението за сексуална злоупотреба

Actor Cuba Gooding Jr. is surrounded by media as he leaves New York Criminal Court in the Manhattan borough of New York City, U.S., June 26, 2019. REUTERS/Eduardo Munoz

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот холивудски актер Куба Гудинг се изјаснил за виновен по една точка од обвинението за сексуален напад.

Неговото изјаснување за вината уследило речиси три години по апсењето на Куба. Досега случајот неколкупати бил одложуван, а неговите адвокати во повеќе наврати барале обвиненијата против него да се намалат или отфрлат.

Гудинг беше уапсен во јуни 2019 година откако 29-годишна девојка го пријавила во полиција дека ги ѝ ги допирал гради без нејзина согласност.

Неколку месеци подоцна, против него биле поднесени нови пријави поради допирање на задникот на една келнерка, по што ѝ упатил непристојни зборови кои имале сексуална конотација, како и поради неприкладно и насилно допирање на жени во ноќен клуб во Њујорк во 2018 година, пренесува „Хафингтон пост“.

Оскаровецот вчера се изјаснил за виновен за обвиненијата за непристојно допирање кое се случило во клубот. Тој, меѓутоа, претходно ја негирал вината по шест точки од обвинението.

Неговите адвокати рекле дека обвинителите биле премногу под влијание на движењето MeToo и дека поради тоа се обиделе вообичаени гестови или недоразбирања да претстават како злосторства.

Гудинг во 2013 година бил обвинет за силување на жена во Њујорк.