Home Актуелно Крвнички претепан прилепчанец се бори за живот со помош на апарати

Крвнички претепан прилепчанец се бори за живот со помош на апарати

Едно лице се бори за живот приклучено на апарати и не е во контактибилна состојба, а друго лице поминало со набиеници и повреди на галвата – овој е епилогот од тепачката во која четири лица нападнале две лица во прилепската населба Тризла, пренесува Фокус.

Двете претепани лица завршија во болница откако четворица прилепчани ги нападнале со дрва и тупаници по расправија во врска со разминување на улицата.

Од основното јавно обвинителство денеска сопштија дека четворицата тепачи се под истрага за кривично дело насилство. За тројца од нив е определена и мерка притвор.

„Лицата се осомничени дека на 03.11.2018 година во Прилеп, во присуство на голем број граѓани, ја загрозиле сигурноста и нанеле тешки телесни повреди на двајца оштетени. По претходна вербална расправија помеѓу оштетените и еден од осомничените, тој телефонски ги повикал останатите осомничени и со патничко моторно возило марка „Лада” започнале да ги бараат оштетените низ градот. Откако ги пронашле, се симнале од возилото и се упатиле кон оштетените. Тројца од осомничените во рацете држеле дрва со должина од еден метар, додека еден во рацете имал нож со должина од 30 см. Сите четворица започнале да ги удираат оштетените лица по главата и телото. Со ваквите дејства осомничените во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв“, соопштија од обвинителството за четворицата тепачи кои се под истрага.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…