
Тешко е да се одолее на чоколадните колачиња, особено за време на празниците.
Ако на целата приказна ѝ додадеме бадеми и ви ветиме крцкаво искуство, ќе признаете дека со нетрпение ќе чекате да ги пробате. Иако добиената смеса може веднаш да се пече, препорачливо е да се остави минимум 8 часа за колачињата да бидат уште повкусни.
ПОТРЕБНО:
½ шоља бадемов путер
¼ шоља путер
½ шоља шеќер
½ шоља кафеав шеќер
2 лажички екстракт од ванила
1 јајце
1 лажица млеко (или овесно млеко)
¾ шоља хељдино или оризово брашно
2 лажици бадемово брашно
½ лажичка сол
½ лажичка сода бикарбона
100g чоколадо
90g печени и солени бадеми, грубо сечкани
морска сол
ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 250 степени. Обложете плех со хартија за печење. Во средно голем сад, со миксер измешајте го бадемовиот путер, путерот, белиот и кафеавиот шеќер. Мешајте со средна брзина додека смесата не стане кремаста. Додадете екстракт од ванила, јајце и млеко, и добро соединете.
Во друг, помал сад, измешајте го хељдиното и бадемовото брашно, солта и содата бикарбона. Додадете ги во претходно подготвениот микс, па измешајте. На крај, додадете околу ¾ од сечканите бадеми и чоколадото, и повторно измешајте. Оставете го тестото да одстои.
Ставете по околу 3 лажици тесто на приготвениот плех. Одозгора наросете го тестото со преостанатите бадеми, чоколадото и малку морска сол. Печете околу 10 минути. Оставете ги колачињата да се изладат пред да ги тргнете од плехот и да ги сервирате.