
До пред само неколку години, барањето помош од брачен советник кога ќе се појават нерешливи проблеми во бракот се сметаше за срамно.
Оваа погрешна перцепција ја наследивме од конзервативните ставови кои беа длабоко вкоренети во нашето општество. Опфатени со превез на срам, тие ги спречуваа паровите да побараат толку потребна помош, што во најголем број случаи резултираше со развод. За среќа, тоа време е зад нас.
Брачниот живот не е лесен и нема пар кој, порано или подоцна, нема да се соочи со проблеми што тешко се решаваат. Откако ќе помине возбудата од венчавката и медениот месец, следи реалноста, која не секогаш е бајковита. Наместо да ги трпите проблемите сè додека не станат неподносливи и не ве натераат да поднесете барање за развод, најдобро е да побарате помош од брачен советник.
Во нашата галерија ви откриваме добри причини зошто треба да го направите тоа што поскоро.