Home Актуелно Кривични пријави против шестмина полицајци за прекршување на службените овластувања

Кривични пријави против шестмина полицајци за прекршување на службените овластувања

Против шест полициски службеници вработени во СВР Скопје, поради основано сомнение дека на 18 мај годинава сториле кривично дело „малтретирање во вршење служба” по член 143 од Кривичниот законик, поднесена е кривична пријава од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција – Одделение за гонење на сторители на кривични дела на лица со полициски овластувања.

-По извршените проверки и увидот во безбедносните камери констатирано е дека на настанот претходел друг кривично-правен настан, по што оштетениот бил врзан со лисици за врзување и врз него неосновано била употребена физичка сила, со што биле пречекорени полициските овластувања, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Против пријавените полициски службеници, според соопштението, е поведена и постапка за утврдување дисциплинска одговорност во МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…