Home Актуелно Кривична пријава за возрасни радовишани за нелегално одгледување марихуана

Кривична пријава за возрасни радовишани за нелегално одгледување марихуана

Лица на 53 и 45-годишна возраст од Радовиче кривично се товарат за недозволено одгледување марихуана.

Против нив полицијата поднесе кривична пријава со која ги товари дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Лицата, марихуаната ја одгледувале на нива во месноста викана Телешорски извори во атарот на радовишкото село Смиљанци. Насадот со околу 50 стебла канабис сатива бил откриен откако Полицијата постапила по претходно добиените оперативни сознанија и ги презела сите неопходни мерки.

„Растенијата биле засадени на парцела сопственост на покојно лице од с.Подареш, на површина од околу 50 м/2, а стеблата биле во фаза на формирање на вршунки, во добра вегетативна кондиција, на висина од 120 до 300 сантиметри.

Пријавените континуирано ги одгледувале заради производство на опојна дрога марихуана.

Превзмени се мерки за откривање на сторителите, на ден 02.09.2018 година околу 17.35 часот, првопријавениот е затекнат на лице место внатре во насадот како врши берба од стеблата канабис сатива и истите ги става во бела вреќа. ,, вели Хризантема Рендевска, потпарол на СВР Струмица.

Откако бил откриен, 53 годишниот радовишанец од страна на полициските службеници е лишен од слобода, а пронајдените предмети во неговиот ранец со потврда привремено се одземени. Сите 58 растенија од марихуаната се откорнати и по пртеходно добиена наредба за вештачење ќе бидат испратени на анализа. Освен кривична пријава и на двајцата осомничени им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…