Home Актуелно Кривична пријава за директор и наставник од основно училиште во кочанско

Кривична пријава за директор и наставник од основно училиште во кочанско

Кочанската полиција поднесе кривична пријава против директорот и наставник од ООУ „Страшо Пинџур“. Директорот Т.Б. (36) во селото Соколарци се товари дека неоправдано му дозволил на наставникот Е.С. (50) од село Чешиново да престојува во Италија наместо да предава на учениците.

Директорот иако знаел дека наставникот од 28.12.2016 до 03.01.2017 година не бил на работа, не презел мерки за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност заради кршење на работниот ред и дисциплина, стои во полицискиот билтен. Бидејќи наставникот неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена, односно пет работни дена во текот на една година, за да му овозможи да го продолжи својот работен однос, директорот ги уништил евидентните листови за присуство на работа на вработените за учебната 2016/2017 година. Наставникот пак наставните часови дури бил во Италија во дневниците за работа ги евидентирал како одржана настава.

Против директорот е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на деловни книги“, а против наставникот за делото „фалсификување исправа“.

исправа“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…