Кривичен го прифати обвинението за „крвавиот четврток“ – прво рочиште кога ќе се избере судија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од скопскиот Кривичен суд информираа дека е прифатено обвинението кое во мај 2019 година беше поднесено од страна на обвинтелката Вилма Русковска. Првото судско рочиште за овој случај ќе биде закажано откако ќе се избере судија.

По речиси три години од упадот во Собранието од 27-ми април поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, екс министрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски ќе седнат на обвинтелна клупа обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Екс премиерот Никола Груевски и поранешниот началник во петтата управа Никола Бошковски остануваат осомничени, за нив постапката ќе продолжи доколку откако тие евентуално некогаш се вратат во Македонија.

Кривичниот суд информираше дека го прифаќа обвинението кое во мај минатата година го поднесе обвинителката Вилма Русковска, а првото рочиште за овој случај ќе биде закажано откако ќе се избере судија.

По веќе оценетиот обвинителен акт, формиран е кривично – правен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија на понатамошно постапување за што странките и јавноста ќе бидат дополнително информирани. – соопштија од Кривичен.

Ристовски, Јанакиески и Атанасовски се во домашен притвор, единствено на слобода е Трајко Вељановски, кој се спаси од притвор поради пратеничкиот имунитет.

Според обвинителството четворицата функционери на почетокот на 207та година по неуспешните преговори за формирање ВЛада, со намера да го загрозат устаниот поредок и безбеноста подготвиле и реализираке план да оневозможат мирно примопредавање на власта.

Организаторите, според обвинителството, ја вклучиле севкупната партиска структура и и овозможиле контунуирано намалување на полициските службеници.